Национален совет за високо образование и научно - истражувачка дејност

Основањето на Националниот совет за високото образование и научно-истражувачката дејност е пропишано со Законот за високото образование.
Националниот совет е составен од 15 члена кои ги избира Собранието на Република Македонија и тоа: - шест членови од редот на професорите во работен однос на универзитетите во Република Македонија, кои се избираат на предлог на Интеруниверзитетската конференција со тајно гласање, при што секој од нив е од различно научно-истражувачко поле од прво ниво според Меѓународната фраскатиева класификација (природно- математички науки; техничко-технолошки науки; медицински науки и здравство; земјоделски и ветеринарни науки; општествени науки и хуманистички науки), - шест членови од редот на професорите во работен однос на универзитетите во Република Македонија, кои се избираат на предлог на Владата на Република Македонија, при што секој од нив е од различно научно-истражувачко поле од прво ниво според Меѓународната фраскатиева класификација (природно-математички науки; техничко-технолошки науки; медицински науки и здравство; земјоделски и ветеринарни науки; општествени науки и хуманистички науки), - еден член на предлог на Македонската академија на науките и уметностите од редот на членовите на Македонската академија на науките и уметностите, - еден член од деловната заедница и - еден член од редот на студентите на предлог на Интеруниверзитетската конференција.
Членови на Националниот совет се: проф. д-р Димитар Трајанов, проф. д-р Соња Лепиткова, проф. д-р Билјана Трајковска, проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Дренуша Палоши, проф. д-р Кристина Скепаровска, Стефан Момир, проф. д-р Валентин Мирчевски, проф. д-р Наталија Атанасова Панчевска, Никица Мојсоска -Блажевски, проф. д-р Ана Тромбева, доц. д-р Марко Спасов, доц. д-р Мурат Алиу, проф. д-р Бертон Сулејмани, проф. д-р Агим Хазири.
За претседателка на Националниот совет за мандатен период јануари 2026-јануари 2028 е избрана проф. д-р Ана Тромбева Гаврилоска.